Упатство за користење

Ова е кратко упатство за користење на нашата веб-страна. Тука можете да најдете кратки објаснувања за неколкуте чекори коишто треба да ги исполните за да успешно купите некој од нашите производи.

За видео-туторијал, кликнете овде. 

1. Одберете производ

Внимателно прочитајте го описот на производот пред да се одлучите за одреден производ. Секој од производите се детално опишани и описите ќе ги најдете на десната страна од сликата на производот, или под сликата во делот Description.

2. Ставете го производот во кошничката за купување

Откако ќе се одлучите за одреден производ, кликнете на копчето Add To Cart.

3. По чекор 2, ќе забележите дека во горниот десен агол од веб-страната, копчето за Кошничка (Cart) ќе покажува дека имате 1 (или повеќе) производи во кошничката, а до бројот стои вкупната сума што треба да се плати.

4. Кошничка

Ако кликнете на синото копче за кошничка, ќе бидете префрлени на страница што се вика Кошничка. Тука имате уште еднаш преглед на производите коишто претходно сте ги ставиле во кошничката. За да продолжите со плаќање, притиснете на портокалевото копче Proceed to Checkout.

5. Информации за плаќање и чекоут

По кликнувањето на копчето Proceed to checkout од вас ќе ги побараме следниве податоци:

    • име (first name)
    • презиме (last name)
    • држава (country)
    • телефонски број (telephone number – опционално)
    • е-маил адреса (e-mail)

Полињата коишто се означени со ѕвездичка (*) се задолжителни полиња кои мора да ги пополните ако сакате да продолжите со постапката за купување.
Пополнете ги празните полиња коишто ги гледате на следнава слика:

6. Прифаќање на политика за приватност и потврда на нарачката

Штиклирајте го полето за прифаќање за политиката за приватност на www.matematika.mk за да можете да продолжите со постапката за плаќање.
Политиката за приватност можете да ја прочитате тука. 

Кликнете на Place order за да ве поврземе со системот за плаќање.

7. Плаќање

На новата страница од Вас се бара да ги внесете податоците што се наоѓаат на Вашата картичка: име и презиме, број на картичка, рок на важност и CVV2/CVC2 бројот што се наоѓа на задната страна од картичката и се состои од три цифри (пример:  123)

Напомена: Внесените податоци мора да се на латиница и да бидат исти како оние на Вашата платежна картичка!

Откако ќе ги пополните празните полиња, кликнете на потврди.

8. Ви благодариме за довербата!

Вашиот продукт ќе стане достапен за преземање (download) веднаш откако ќе заврши постапката за плаќање. Кликнете на портокалевото копче на коешто стои името на фајлот што сте го купиле, за да го преземете на Вашиот уред.