Политика за приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата www.matematika.mk

Последно променето на: 23.07.2019

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ПИСИ ДООЕЛ Охрид ги собира, користи, чува, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на нејзината интернет страница www.matematika.mk. Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку www.matematika.mk.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци (оваа политика за заштита, одредбите на Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за заштита на личните податоци).

Видови на податоци кои ги собираме

Напомена: дел од податоците се чуваат, а дел од податоците не се чуваат – дадено во продолжение

Страната www.matematika.mk собира два вида на податоци:

  1. Лични податоци

Личните податоци (за идентификација и контактни информации) се податоци коишто Вие доброволно ги давате на  www.matematika.mk за користење на нашите услуги и/или еднократно купување на дигитални производи или содржини, уплата на членарина за повеќекратно (ограничено по број на пати или временски период) користење на ист или група на слични дигитални производи.

  • Не-лични податоци

Податоците коишто не Ве идентификуваат при користење на www.matematika.mk се не-лични податоци. Во овој вид на податоци спаѓаат: универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете www.matematika.mk, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на www.matematika.mk, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса.

Податоци кои ги чуваме

При регистрација на нов корисник за користење на услугата членарина за користење на дигитални производи (за одреден временски период), од Вас ќе побараме задолжителни податоци за: име, презиме и е-маил адреса и незадолжтелни податоци: телефонски број.

Кога ќе нарачате дигитален производ или услуга за повеќекратна употреба ограничена со број на пати на користење или со временско ограничен период, производот или услугата ги добивате како можност за директен download (еднократно или повеќекратно ако е дозволено од страна на www.matematika.mk) на истите, без дополнителни лични податоци. 

Податоци кои не ги чуваме

Кога ќе нарачате дигитален производ или услуга за еднократна употреба, производот или услугата ги добивате на маил доколку Вие така одлучите или како можност за директен download (еднократно или повеќекратно ако е дозволено од страна на www.matematika.mk) на истите кој не бара никакви дополнителни лични податоци. 

Податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Стопанска Банка.

Не-личните податоци страната www.matematika.mk не ги чува.

За кои цели се користат собраните податоци и информации од www.matematika.mk

Вашите лични податоци ги обработуваме:

  • За овозможување на online користење на нашите услуги и производи
  • За извршување на промотивни кампањи
  • За испраќање на известувања во врска со дигиталните производи, надополнување на дигиталните производи, испраќање на дигитални подароци за лојални клиенти, известување за настани, предавања
  • За овозможување корисничка поддршка на регистритани корисници
  • За подобрување на генералниот квалитет на понудените дигитални производи и услуги

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

Како вршиме обработка на личните податоци

Обработката на Вашите лични податоци ПИСИ ДООЕЛ Охрид ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во ПИСИ ДООЕЛ Охрид се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

ПИСИ ДООЕЛ Охрид има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на www.matematika.mk и ќе го промениме датумот на ажурирање на почетокот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на www.matematika.mk , корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата www.matematika.mk . Вашето континуирано користење на интернет страницата www.matematika.mk следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.