Ова е кратко упатство за користење на нашата веб-страна. Тука можете да најдете кратки објаснувања за неколкуте чекори коишто треба да ги исполните за да успешно купите некој од нашите производи.
1. Одберете производ
Внимателно прочитајте го описот на производот пред да се одлучите за одреден производ. Секој од производите се детално опишани и описите ќе ги најдете на десната страна од сликата на производот, или под сликата во делот Description.
2. Ставете го производот во кошничката за купување
Откако ќе се одлучите за одреден производ, кликнете на портокаловото копче ДОДАДЕТЕ ВО КОШНИЧКА.
3. По чекор 2, ќе забележите дека во горниот десен агол од веб-страната, копчето за Кошничка (Cart) ќе покажува дека имате 1 (или повеќе) производи во кошничката, а до бројот стои вкупната сума што треба да се плати.
4. Кошничка
Ако кликнете на синото копче за кошничка, ќе бидете префрлени на страница што се вика Кошничка. Тука имате уште еднаш преглед на производите коишто претходно сте ги ставиле во кошничката. За да продолжите со плаќање, притиснете на портокалевото копче ПРОДОЛЖЕТЕ КОН НАПЛАТА.
5. Информации за плаќање и чекоут
По кликнувањето на копчето Proceed to checkout од вас ќе ги побараме следниве податоци:
-
- име (first name)
- презиме (last name)
- држава (country)
- забелешка, (ако имате) (telephone number – опционално)
- е-маил адреса (e-mail)
Полињата коишто се означени со ѕвездичка (*) се задолжителни полиња кои мора да ги пополните ако сакате да продолжите со постапката за купување.
Пополнете ги празните полиња коишто ги гледате на следнава слика:
6. Прифаќање на политика за приватност и потврда на нарачката
Штиклирајте го полето за прифаќање за политиката за приватност на www.matematika.mk за да можете да продолжите со постапката за плаќање.
Политиката за приватност можете да ја прочитате тука.
Кликнете на Place order за да ве поврземе со системот за плаќање.
7. Плаќање
На новата страница од Вас се бара да ги внесете податоците што се наоѓаат на Вашата картичка: име и презиме, број на картичка, рок на важност и CVV2/CVC2 бројот што се наоѓа на задната страна од картичката и се состои од три цифри (пример: 123)
Напомена: Внесените податоци мора да се на латиница и да бидат исти како оние на Вашата платежна картичка!
Откако ќе ги пополните празните полиња, кликнете на потврди.
8. Ви благодариме за довербата!
Вашиот продукт ќе стане достапен за преземање (download) веднаш откако ќе заврши постапката за плаќање. Кликнете на портокалевото копче на коешто стои името на фајлот што сте го купиле, за да го преземете на Вашиот уред.
8. ДОБИВАТЕ И МЕИЛ НА ТОЧНО ВНЕСЕНАТА МЕИЛ АДРЕСА!
Во меилот ги имате сите генералии за и околу купувањето како и линк за спуштање на материјалите.
– Ако сте купиле ПДФ материјали, имате линк до истите (линкот трае до 3 спуштања).
– Доколку сте купиле можност за користење на квиз со ПДФ генератор, во меилот добивате КОД кој започнува со буквите PISI и истиот трае 30 дена од моментот на уплатата.
Доколку имате потреба/проблеми со купување/користење: 075/447-114






