ANGEL’s MATH: 2-6год. СЛОЖЕНИ ФОРМИ И ОБЛИЦИ / ЦРТАЊЕ/ПОВРЗУВАЊЕ / ОФлајн апликација со ГЕНЕРАТОР на КВИЗОВИ и ТЕСТОВИ

619 ден

🎓 ANGEL’S MATH: СЛОЖЕНИ ФИГУРИ

Интерактивна едукативна апликација за деца од 2 до 5 години – за предучилишно учење и подготовка за пишување и цртање.

Истражувајте го светот на сложените фигури преку 238 активности за следење, цртање и боење. Детето ги следи испрекинатите линии, ги поврзува точките според прикажаниот модел и ги истражува составените геометриски фигури, вежбајќи прецизност и координација око–рака.

🌟 Што нуди апликацијата?

• 🔷 238 активности со сложени фигури – за учење преку игра
• ✏️ Следење линии и контури – подготовка на раката за пишување и цртање
• 🎨 Цртање и боење – избор на боја и дебелина на моливот
• 🧽 Гума и бришење – можност за повторување и нов обид
• 🖱️ Интерактивна работа – со глувче или со прст на екран на допир
• ⭐ Проверка на следењето – со копчето „Готово“ и повратна информација
• ⛶ Приказ на цел екран – поголем простор за работа, во прелистувачи што ја поддржуваат функцијата
• 📄 Работни листови за печатење или зачувување во PDF – чисти примери без нацртаните линии на детето
• 🌍 Три јазици: англиски, германски и македонски
• 💻 Офлајн користење – активностите се достапни без интернет
• 🔓 Еднократно плаќање и доживотно користење – без месечни претплати, кориснички сметки и најавување

📱 Едноставно отворање, без класична инсталација

По преземањето, отпакувајте ја ZIP-архивата и отворете ја HTML-датотеката во веб-прелистувач. Апликацијата е наменета за компјутери, лаптопи и Android уреди што поддржуваат отворање локални HTML-датотеки.

На iPhone и iPad е потребен прелистувач или HTML-прегледувач со поддршка за JavaScript. Обичниот преглед на датотеката во Files или во апликација за пораки може да не ги активира интерактивните функции. Ако уредот не нуди отворање во прелистувач, користете соодветен HTML-прегледувач.

⭐ Учење преку игра

Активностите овозможуваат вежбање на графомоториката, фината моторика, вниманието, концентрацијата, визуелната перцепција и координацијата око–рака. Детето може да работи со свое темпо, да повторува и да експериментира со бои, со насочување од возрасен според потребата.

📘 Содржина: 238 активности – следење, цртање и боење сложени фигури
👧🧒 Возраст: 2–5 години
🌍 Јазици: English / Deutsch / Македонски
📦 Формат: HTML-апликација со README-упатство на три јазици, спакувани во ZIP
👨‍🏫 Автор: Ангел Јанев

Опис

Краток преглед на материјалот. За листање на дел од упатството, кое е многу кратко, за апликацијата, одите долу лево, во дното на  на документот, имате стрелка нанапред и наназад.
🛍️📘 КУПУВАЊЕ: Доколку сте задоволни од она што го гледате, додавате производ во кошничка, уплаќате, Внесувате ТОЧНА и-меил адреса (внимавајте на точноста) и линкот за материјалот доага на вашата ТОЧНО внесена и-меил адреса.

Кодот се внесува само еднаш.
Го изгубивте кодот?