ANGEL’s MATH: 2-5год. ФОРМИ И ОБЛИЦИ / ЦРТАЊЕ/ПОВРЗУВАЊЕ / ОФлајн апликација со ГЕНЕРАТОР на КВИЗОВИ и ТЕСТОВИ

619 ден

🎓 ANGEL’S MATH: ФОРМИ И ОБЛИЦИ

Интерактивна едукативна апликација за деца од 2 до 5 години – за предучилишно учење и подготовка за пишување и цртање.

Запознајте го светот на формите и облиците преку 122 активности за следење, цртање и боење. Детето ги следи испрекинатите линии, ги истражува контурите и ги бои формите по свој избор, истовремено вежбајќи прецизност и координација око–рака.

🌟 Што нуди апликацијата?

• 🔷 122 активности со форми и облици – за учење преку игра
• ✏️ Следење испрекинати линии – подготовка на раката за пишување и цртање
• 🎨 Цртање и боење – избор на боја и дебелина на моливот
• 🧽 Гума и бришење – можност за повторување и нов обид
• 🖱️ Интерактивна работа – со глувче или со прст на екран на допир
• ⭐ Проверка на следењето – со копчето „Готово“ и повратна информација
• 📄 Работни листови за печатење или зачувување во PDF
• 🌍 Три јазици: македонски, англиски и германски
• 💻 Офлајн користење – активностите се достапни без интернет
• 🔓 Еднократно плаќање и доживотно користење – без месечни претплати, кориснички сметки и најавување

📱 Едноставно отворање, без класична инсталација

По преземањето, отпакувајте ја ZIP-архивата и отворете ја HTML-датотеката во веб-прелистувач. Апликацијата е наменета за компјутери, лаптопи и Android уреди што поддржуваат отворање локални HTML-датотеки.

На iPhone е потребно отворање во веб-прелистувач. Самото прегледување на датотеката може да не ги активира интерактивните функции.

⭐ Учење преку игра

Активностите поттикнуваат графомоторика, фина моторика, внимание, концентрација, визуелна перцепција и координација око–рака. Детето може да работи со свое темпо, да повторува и да експериментира со бои.

📘 Содржина: 122 активности – следење, цртање и боење форми и облици
👧🧒 Возраст: 2–5 години
🌍 Јазици: Македонски / English / Deutsch
📦 Формат: HTML-апликација со README-упатство на три јазици
👨‍🏫 Автор: Ангел Јанев

Опис

Краток преглед на материјалот. За листање на дел од упатството, кое е многу кратко, за апликацијата, одите долу лево, во дното на  на документот, имате стрелка нанапред и наназад.
🛍️📘 КУПУВАЊЕ: Доколку сте задоволни од она што го гледате, додавате производ во кошничка, уплаќате, Внесувате ТОЧНА и-меил адреса (внимавајте на точноста) и линкот за материјалот доага на вашата ТОЧНО внесена и-меил адреса.

Кодот се внесува само еднаш.
Го изгубивте кодот?