ANGEL’s MATH: 1-5одд. Заокружување и Разложување до 10/20/100/1000/10 000/1 000 000/ ОФлајн апликација со ГЕНЕРАТОР на КВИЗОВИ и ТЕСТОВИ

619 ден

🎓 ANGEL’S MATH: ЗАОКРУЖУВАЊЕ И РАЗЛОЖУВАЊЕ БРОЕВИ

Интерактивна математичка апликација за ученици од 1. до 5. одделение.

Вежбајте заокружување и разложување броеви преку забавен и динамичен квиз. Изберете една од трите теми: Заокружување, Разложување или Мешано, и едно од шесте нивоа: до 20, до 100, до 1.000, до 10.000, до 1.000.000 или мешани броеви.

Задачите му помагаат на детето постепено да го совлада заокружувањето на броевите, да ја разбере месната вредност на цифрите и да научи да ги разложува броевите на нивните составни делови.

🌟 Што нуди апликацијата?

  • 🎯 Интерактивен квиз со автоматска проверка на одговорите

  • 🔢 Шест нивоа: до 20, 100, 1.000, 10.000, 1.000.000 и мешани броеви

  • 🔀 Три теми: Заокружување, Разложување и Мешано

  • 🎯 Заокружување на најблиска десетка, стотка, илјадарка, десетилјадарка, стотилјадарка или милион

  • 🧩 Разложување броеви на збир од месни вредности

  • 🔍 Препознавање на месната вредност на цифрите и дополнување на делови што недостасуваат

  • ⏱️ Време од 30 секунди за секоја задача

  • 📊 Приказ на резултатите, освоените поени и личниот рекорд

  • 📄 Работни листови во PDF со 24 задачи и решенија за избраното ниво

  • 🏅 Персонализирана диплома во PDF по најмалку 10 задачи и најмалку 50% точни одговори

  • 🌍 Три јазици: македонски, англиски и германски

  • 💻 Апликацијата и создавањето PDF работат офлајн, без потреба од интернет

  • 🔓 Сите теми и нивоа се отклучени, без потреба од корисничка сметка и најавување

Апликацијата се отвора како HTML-датотека во прелистувач, без класична инсталација. Може да се користи на лаптоп или компјутер, а на телефон или таблет доколку прелистувачот поддржува отворање локални HTML-датотеки. Интернет е потребен само за отворање на дополнителната веб-врска.

⭐ Практична е за секојдневно вежбање, развивање математичко-логичко размислување, разбирање на декадниот броен систем и самостојна работа, како дома така и на час.

📘 Содржина: Заокружување броеви до најблиска десетка, стотка, илјадарка, десетилјадарка, стотилјадарка и милион; разложување броеви; месна вредност на цифрите и дополнување делови што недостасуваат.

🎓 За ученици: 1.–5. одделение

👨‍🏫 Автор: Ангел Јанев

🌐 www.matematika.mk

Секој работен лист содржи 24 задачи: 8 за заокружување, 8 за разложување и 8 мешани задачи, распоредени по случаен редослед, со посебна страница со решенија.

Опис

Краток преглед на материјалот. За листање на дел од упатството, кое е многу кратко, за апликацијата, одите долу лево, во дното на  на документот, имате стрелка нанапред и наназад.
🛍️📘 КУПУВАЊЕ: Доколку сте задоволни од она што го гледате, додавате производ во кошничка, уплаќате, Внесувате ТОЧНА и-меил адреса (внимавајте на точноста) и линкот за материјалот доага на вашата ТОЧНО внесена и-меил адреса.

Кодот се внесува само еднаш.
Го изгубивте кодот?