Важноста на тестирањето во процесот на учење

Нашиот сервис, matematika.mk се базира на потребата на учениците да имаат материјал за тестирање на нивното знаење. Тука се наметнува прашањето, зошто учениците би имале потреба од токму ваков материјал? За нас од тимот на matematika.mk, одговорот е прилично едноставен: она што сакаме да го постигнеме, мора да го вежбаме.

Тоа значи: Ако сакаме да го решиме тестот точно, за даденото време и да постигнеме одлични резултати – мора да го тренираме решавањето на тестот со материјал што ни е поврзан со она што се учи на училиште.

Олимпискиот пливач Мајкл Фелпс, носител на вкупно 28 олимписки медали, како фундаментален дел од тренингот користи визуелизација. Со помош на својата имагинација, си ја визуелизира трката што треба да ја плива, базенот, начинот на којшто неговата рака ја сече водата, движењето на главата. Многу од најуспешните луѓе на светот, не само спортисти, ја користат оваа техника. Го вежбаат сценариото со кое ќе се соочат во својот ум. Тоа може да биде трка, јавен говор, интервју на телевизија или пак тест.

Важноста на тестирањето

Како што заклучивме претходно, за да бидете бидете успешни во сценариото тест, мора да го вежбате истото. Можеби ќе си помислите дека тоа е интересен пристап. Заради сето претходно кажано, нудиме производ што се вика тестовник, работна тетратка или вежбанка. Во овие тестовници има околу 600 задачи, со решенија за секоја од нив на крајот од документот. Секоја од овие задачи е вежба за соочување со настанот на тестирање.

Со овој тип на производ, Вашето дете може да вежба прецизно и брзо решавање на задачи. Сигурно сте се соочиле со проблем од типот: „Не успеав да го дорешам тестот“ или „Немав доволно време за решавање.“. Реалноста е дека доволно време постои, вашата брзина на решавање е мала. Важноста на тестирањето се темели на тоа дека секој ученик ќе се соочи со ситуација во која стекнатото знаење ќе биде тестирано. Наша цел е да ги подготвиме учениците за тој момент. Решавањето на тестови се состои во чекори кои ни гарантираат дека ќе добиеме одлични резултати.

  • Прв проблем: Брзо решавање на задачите
  • Втор проблем: Точно решавање на задачите
  • Трет проблем: Решавање задачи кои се поврзани со материјалот за тест


Решение за сите овие проблеми: материјалите што ги нуди matematika.mk. Во продолжение, ќе Ви кажеме и како да ги користите за максимални резултати.

Како ќе станеме побрзи во решавањето на проблеми?

Одговорот е едноставен: си даваме време од 30 секунди или 1 минута (или повеќе, во зависност од тестот што ќе го решаваме), уклучуваме штоперица или го мериме времето на часовник и се обидуваме да ја решиме задачата во дефинираното време.

Првиот проблем е решен: Ја решив задачата брзо!

Како ќе станеме подобри во решавањето на проблеми – како да дадеме точни решенија?

Откако ќе ја решите задачата проверете ја во каталогот со решенија на последните страници од работните тетратки на matematika.mk. Споредете го вашето решение со даденото решение. Најдете ја грешката и решете ја задачата повторно. Поставете го истото време за решавање и внимавајте на пресметката, Вашата цел е да дадете точно решение за истото време од претходно.

Вториот проблем е решен: Ја решив задачата брзо и точно!

Кои материјали да ги користиме за да вежбаме задачи што се слични со оние од училиште?

Збирки, материјали на интернет, форуми, тестови од 2001 година – сите овие ресурси може да Ви помогнат во процесот на учење на математика, но нема да Ве подготват за тестирање. Зошто?

За да имате одлични резултати на тест мора да имате актуелни и соодветни материјали, по училишна наставна програма. Тие материјали се тестовниците, работните тетратки и вежбанките достапни на matematika.mk. Направени за 1,2,3,4 и 5 одделение, секоја од работните тетратки има околу 600 уникатни задачи кои се скроени по училишна наставна програма на МОН.

Ова значи дека задачите се поврзани со наставана од училиште, учениците вежбаат конкретни и познати проблеми, поврзани со тематиката што ја обработуваат и што им се бара на тестовите.

Третиот проблем е решен: Решавам материјали кои ми се потребни за тестот.

Ако сакате и Вие да обезбедите конкретен начин за Вашето дете успешно да се соочува со ситуацијата ТЕСТ, погледнете го нашиот каталог на производи тука. Цената е само 60 денари, но придобивките за Вашето дете се бесценети.

 

Следете го Образовен Центар ПИСИ на Facebook и Instagram и читајте уште интересни статии на нашиот блог.