Уписен Рок за 2020/2021 – ПИСИ

Образовен Центар ПИСИ со задоволство им најавува на сите сегашни и идни, заинтересирани корисници на нашите образовни услуги, дека уписите за курсеви по предметите:

📗  Математика
📘  Англиски јазик
📙  Германски јазик

почнуваат во следните два рокови:

📌 Првиот уписен рок трае од: 18 мај 2020 до 15 јуни 2020 година.
📌 Вториот уписен рок трае од: 05 август 2020 до 31 август 2020 година.

Години наназад, Образовен Центар ПИСИ ги задржува своите цени и гаранцијата за вистинско знаење и квалитет. Основата за одлично знаење лежи во адекватниот и навремен процес на учење кој е идеално да започне во 4,5,6 или 7 одделение, во групи со ограничен број на ученици. Долгогодишната пракса во процесот на учење докажува дека работата во групи со адектавен број на ученици може да генерира огромни позитивни резултати. Наставата се одвива на македонски јазик и е скроена исклучиво по планот и програмата на МОН.

ПИСИ и понатаму нуди фантастични опции за нашите корисници, со попусти од 10% до дури 40% за пакет-курсевите по математика и еден од странските јазици. Пакети, кои им овозможуваат на учениците да постигнат неверојатни резултати и да се подтотват за професионален успех во иднината.

📌 Дополнително, сите понуди што ги нема како опција за физичка настава, може да бидат имплементирани како онлајн настава. Повеќе информации за уписот во Образовен Центар ПИСИ и сите поволности, може да ги добете на бројот 075/447-114.

Блог
Следете го Образовен Центар ПИСИ на нашите профили на Facebook и Instagram.