Интересни факти за математиката

Интересни факти за математиката

Дали знаевте дека има многу интересни факти за математиката? За нејзините броеви, знаци, симболи, теореми и научници постојат многу анегдоти и интересни факти. Ќе се изненадите како некои од нив до сега не сте ги знаеле и колку математиката е всушност една животна наука.

  • Дискалкулија значи дека некој тешко учи пресметување, што може да биде изразено како неможност да ги разбере броевите или да совлада математички знаења.
  • Нула (0) е единствениот број кој не може да се претстави со римски број.
  • Знаете ли за магијата на бројот 9? Помножете го кој било број со 9 и потоа соберајте ги сите цифри на добиениот број додека не добиете една цифра. Збирот на овие цифри ќе биде 9.
  • Икосаедар е геометриски облик со 20 страни. Колку и да звучи чудно тој е еден од петте правилни полиедри.

На сликата е прикажан Икосаедар. За него може да прочитате повеќе ако кликнете овде.

  • Во група со 23 луѓе, барем двајца имаат ист ден на раѓање со веројатност поголема од ½.
  • Од сите геометриски фигури кои имаат иста плоштина кругот има најмал обем.
  • Палиндром е број кој се чита исто од двете страни. На пример 12421.

На 02.02.2020 беше Светски ден на Палиндромот. Зошто? Затоа што датумот се чита исто од двете страни.

  • Арапските броеви како што се 1,2,3… настанале уште пред повеќе од 1000 години.

За други вакви интересни статии, посетете го нашиот математички блог.