Математиката и Сликарстовото

Постојат многу начини на коишто математиката и сликарството се меѓусебно поврзани

Математиката и сликарстовото се поврзани на многу начини. Од технички аспект математиката може да ја користиме за повеќе да ги цениме уметничките слики. Ова неодамна успешно се покажа во анализите кои Тејлор, Миколич и Џонс ги извршија на сликите на Џексон Полок, што ги довело до заклучок дека неговите слики се, на некој начин, фигуративни слики.

И сликарот и математичарот се обидуваат да го разјаснат светот

Сликарот и математичарот се обидуваат да го разјаснат светот. Двајцата прават осврт на структурата на реалноста и се обидуваат да ги дефинираат и извлечат елементите од таа структура – понекогаш тие се апстрактни, понекогаш се конкретни.

Уметникот или сликарот ќе се обиде да прикаже или да истражи некое психолошко расположение. Пример за тоа е приказот на емоцијата на страв што е ефективно прикажана во делото “The Scream” на сликарот Едвард Мунк од 1893 година.

Математичарот ќе ја истражува самата природа на операцијата „собирање“. Тоа го прави со издвојување на таа специфична одлика на природните броеви. Со проучувањето на операцијата собирање во нејзината најчиста форма, во контекст на апстрактна теорија.

Исто како што Едвард Мунк го направи стравот (апстрактно чувство) негова тема во неговото дело, исто така математичарот го направи концептот на додавање елементи еден на друг тема на неговото математичко истражување.

Врски постојат и на пониско ниво.

Сликарството и математиката може да ја делат и материјата како што тука покажа дискусијата на математичките концепти „отворен“ и „затворен“. Истите се поврзани со сликите на Полок, Кандински, Тарнер и Ван  Гог.

Во заклучокот се навестува дека математиката и сликарството се во толку тесна врска и имаат толку многу сличности. Разумно е да се разгледуваат како два различни, но комплементарни начини на визуализација на аспектите на конкретната или апстрактна реалност во кои се вклучени.

Математиката и сликарството се два примери на човечката свест како таа се обидува да ја сфати и разјасни реалноста. Но, не само реалноста во физичка смисла, туку реалноста во широка смисла. Затоа, релации и паралели се очекувани меѓу овие две дисциплини.

За други вакви интересни статии, посетете го нашиот математички блог.