Математички Блог

Математички блог
од www.matematika.mk

Вашиот онлајн портал за дигитални материјали по математика за ученици од основните и средните училишта. На овој математички блог дискутираме за различни проблематики од областа на математиката. Може да најдете содржини кои ќе Ви помогнат да го објасните или разјасните материјалот што го учите.

Зошто постои овој блог?

Постоиме затоа што сакаме да дадеме можност на сите ученици да се вклучат во процесот на distance learning. Што значи тоа? Тоа значи дека, во состојба во којашто ученеците се спречени да одат на училиште, ние даваме на располагање платформа со која тие можат да учат од удобноста на своите домови. Нашите тестовници, работни тетратки, работни листови, боенки и квизови, се скроени по програмата на Министерството за Образование и Наука. Тоа значи дека нашите материјали се направени токму по книгите што децата ги користат на училиште. Заради тоа, Ви нудиме уникатна услуга со која децата и родителите можат заедно да се вклучат во образовниот процес – без да трагаат по материјали на интернет кои не се направени по училишната програма.

За кого е наменета оваа веб-страна и овој Математички блог?

Оваа веб-страна е најкорисна за сите ученици и родители на ученици од основните училишта. Широкиот спектар на тестовници и работни тетратки ви нудат разновидност во процесот на учење – различни задачи, различни броеви, проблемски ситуации. Секако, најкорисното од сево досега корисно е фактот што сите наши тестовници ги добивате со решенија. На тој начин, не мора да се грижите дали добиениот резултат е точен. На тоа прашање имате одговор на крајот од секој тестовник, работна тетратка или квиз.

За да ја посетите нашата библиотека од материјали посетете ги следниве страници:

математика за прво одделение (1 одд)
математика за второ одделение (2 одд)
математика за трето одделение (3 одд)
математика за четврто одделение (4 одд)
математика за петто одделение (5 одд)