#СедиСиДома идеи

#СедиСиДома – Што значи овој хаштаг и кои се нашите идеи за Вас?

Хаштагот #СедиСиДома прв пат се појави пред некоја седмица. Тој е креиран за да ги инспирира граѓаните да останат во своите домови и креативно да си го искористат слободното време. Ние, како едукативна платформа, сакаме да Ви препорачаме неколку идеи за како да си поминете забавно во Вашиот дом. Следните совети се практични совети. Наменети се за сите родители и нивните деца за да можете да ги развивате креативните делови од мозокот. Ако го направите ова, може да стимулирате начин на размислување за решавање проблеми (па и математички проблеми).
Еве ги нашите 5 предлози за вас:

Прочитајте книга

Сликовници, енциклопедии, мали романи, приказни, одбрани сказни, басни и ред други книги ви стојат на располагање во домот. Ви предлагаме да одвоите 30 минути од денот (може и два интервали по 15 минути) за да му читате на своето дете или Вашето дете да чита. Историски гледано, луѓето кои читаат разна литература располагаат со поголем вокабулар, подобро се изразуваат и пишуваат поквалитетни есеи. Исто така, развивањето на навиката за читање уште од рана возраст може да го стави Вашето дете на патот кон успехот. Што повеќе читаме, толку повеќе го откриваме светот околу нас!
#СедиСиДома и #ЧитајСиДома !

Гледајте Едукативно Видео

Ние тука во тимот на matematika.mk веруваме во тоа дека секој треба да си го надоградува знаењето секојдневно. Тоа значи и да гледате некое едукативно видео на платформите како YouTube. Без разлика дали се работи за некоја лекција по странски јазик или пак лекција по готвење – ова е совршено време да најдете ново заедничко хоби. А со кого би било заедничко? Па со најинтересните партнери за учење – Вашите деца! Откријте го светот на градинарството, кулинарството или Германскиот јазик, само како мал предлог од темите. Секако изборот останува на Вас.

Решете онлајн квиз

Кој не сака квизови⁉️

Тие се една од омилените игри за забава на луѓето околу Светот. Тие се натпреварувачки настроени и кај нив се битни брзината и секако точниот одговор! Онлајн квизови по математика имате бесплатно на овој линк, а квизови по германски јазик имате на веб-страната germanski.mk – целосно бесплатно!

 

#СедиСиДома и напиши домашно

Ве уверуваме дека нема подобро време од сега за да се завршат училишните обврски. Сметајте го денот како да сте на училиште со децата. Обработете ги вежбите од учебниците и напишете една или две домашни истиот ден. Стимулирајте го Вашето дете да пишува, покрај гледањето едукативни содржини.
Еден од најважните елементи на квалитетното учење е сепак пишувањето. Сите знаеме како се учи математика – со пишување! Кога ќе завршите со вежбите од учебник имаме предлог за Вас. На нашата страница со дигитални содржини, ќе најдете широк избор на работни тетратки. Но, зошто се нашите работни тетратки и тестовници најкорисни? Затоа што се креирани по училишната наставна програма на МОН за предметот математика. Тоа значи:

  • нема да се мачите да измислувате задачи
  • имате готови тетратки со огромен број страници
  • имате решенија на задачите
  • сето ве чини само 60 денариЛинкот е тука ➡️www.matematika.mk

Консултирај се со нас

За било какви прашања тимот Ви стои на располагање. Искористете ја нашата Контакт Форма за да ни испратите порака.

Имате проблем со задача, процесот на плаќање или изборот на материјал?
За помош и консултација, кликнете тука.

#СедиСиДома